вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 90
home Хроника

Штипјани возеле брзо и под дејство на алкохол, еве колку лица се казнети

Штипјани возеле брзо и под дејство на алкохол, еве колку лица се казнети

Денеска (15.07.2021) на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Од извршената контрола било констатирано дека 25 возачи ја пречекориле брзината на движење и сите биле соодветно санкционирани. На 14.07.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. З

а време на акциската контрола биле констатирани 14 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 3 прекршоци за нерегистрирани возила, 9 за управување возило без возачка дозвола и два за управување возило под дејство на алкохол. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус