петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Хроника

Штипјанец прободен со нож од познаник

Штипјанец прободен со нож од познаник

Триесет и пет годишен штипјанец М.Д синоќа бил прободен со нож во пределот на левата подлактица од страна на негов познаник кој работел како чувар во училиште, обидувајќи се да го спречи да избрка момчиња од училишниот двор.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека М.Д. синоќа во19:30 часот отишол кај неговиот познаник Ф.А. (55), со привремен престој во Мирјанина црква во Штип, кој работел како чувар во основно училиште „Димитар Влахов“, каде и конзумирале алкохол. Околу 21  часот М.Д. тргнал накај дома, но во дворот на училиштето застанал и разговарал со неколку момчиња, другари на неговиот син. По кратко време, пред капијата на училиштето дошол Ф.А. кој во десната рака држел нож и на висок тон почнал да ги навредува и да ги брка децата.

М.Д. се обидел да го спречи Ф.А. во намерата, но Ф.А. го фатил за вратот и го турнал до оградата. Потоа, при меѓусебното влечење, Ф.А. го прободел М.Д. во левата подлактица.

М.Д. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус