сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Хроника

Штипјанец претепан во селска продавница

Штипјанец претепан во селска продавница

На 22.01.2018 година во 02.05 вработен во Клиничката болница Штип пријавил дека кај нив бил донесен повреден О. Б. (44) од с.Парналија, Општина Карбинци.

Тој се здобил со тешки телесни повреди на десното око при тепачка. Во разговор со полициските службеници, О.Б., кажал дека околу 00.10 часот отишол во продавница во с.Долни Балван, седнал на една од масите и побарал да биде услужен со пијачка.

На спротивната маса седеле две непознати лица заедно со К.Д. од Штип. Тие почнале да му префрлуваат, по што тој станал од масата со намера да си замине.

Кога излегол надвор непознатите лица го удриле со шишиња по главата и со патничко возило побегнале.

Поради сериозноста на повредата, О.Б. бил испратен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот биле приведени А.Н. (47) од с.Таринци, О.Ј. (29) од с.Чифлик и М.А. (34) од с.Чифлик и по извршениот разговор биле ослободени.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус