понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 43
home Хроника

Штипјанец под истрага за неовластено производство и продажба на марихуана

Штипјанец под истрага за неовластено производство и продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

>Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

МИА