петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Хроника

Штипјанец направи драма: Се обидел да прегази полицајци

Штипјанец направи драма: Се обидел да прегази полицајци

Штипјанец направил драма кога не застанал на знак стоп на полицијата и се обидел да прегази полицајци.

МВР информира дека вчера во 11.10 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле 32-годишниот О.Е. од селото Оџалија, општина Карбинци.

На улицата „Партизанска“ во Штип тој со своето возило „опел астра“ не застанал на знак за запирање издаден од полициски службеници, а се обидел и да удри еден од нив. Набргу потоа, на излезот од селото Радање, кон селото Оџалија, О.Е. го запрел возилото, се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.