СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.С.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 11.07.2020 Е.С. од непознато лице од Скопје набавил хероин за 9.000 денари заради продажба и истиот ден во неговиот дом на А.Ј.(39) и З.Ј.(37) им овозможил да го користат.
При преглед од полициски службеници дрогата била пронајдена во просторија каде престојувал Е.С., а каде биле затекнати тројцата како користат хероин. На местото биле пронајдени и дигитална вага и алуминиумски фолии.