недела, 15. септември 2019. Вести денес: 11
home Хроника

Штип: Изгоре БМВ, од огнот делумно зафатено уште едно возило

Штип: Изгоре БМВ, од огнот делумно зафатено уште едно возило

СВР Штип денес било пријавено дека на ул.„Сремски Фронт„ во Штип настанал пожар во патничко моторно возило БМВ со бугарски национални ознаки, сопственост на З.В. од Штип.

Од огнот било делумно зафатено возило Рено Меган Сценик со штипски регистарски ознаки сопственост на М.Џ. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.