четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 116
home Хроника

Шест сообраќајки во Скопје, полесно повредени пет лица

Шест сообраќајки во Скопје, полесно повредени пет лица

На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои во три со полесно повреди се здобиле пет лица. Во три е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 21 возач пред да се стекне со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, издадени се и 116 казнени мерки, а со специјалното возило „пајак„ подигнати се 72 возила.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале улица подалеку од пешачки премин, девет возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување. Сакционирани се и шест возачи на мотор или мотоцикл за неносење заштитен шлем, седум возачи на автомобил за неносење сигурносен појас, како и 17 возачи кои возеле додека зборувале на мобилен телефон.