понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 181
home Хроника

Шест лица обвинети за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Шест лица обвинети за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Петмина македонски и еден турски државјанин се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.​

Локални избори 2021