сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Семејството бара помош: Се бара 38-годишен кумановец, пријавен е за исчезнат

Семејството бара помош: Се бара 38-годишен кумановец, пријавен е за исчезнат

Во СВР Куманово, завчера е пријавено дека Т.Т.(38) од Куманово, се оддалечил од својот дом и не се вратил.

Случајот во полиција го пријавила неговата мајка Т.Т.(63) од Куманово.

Семејството денеска побара помош и од медиумите, да се објави неговата слика, за да добијат повеќе информации.

Според нивното кажување, Томица излегол од дома во вторникот со неговата девојка, со возило голф зелена боја, за да одат во Скопје. Од тогаш им се губи секаков траг, а не се достапни ни на мобилните телефони.

Семејството апелира до граѓаните доколку некој ги видел  или има некаква информација за возилото, да се јават на телефонскиот број 078/413-248.

Извор: KumanovoNews

Коронавирус