недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Семејна драма во тетовско: Го пријавила мажот со кој се разведува дека и се заканува по живот, сакал да ги земе и децата

Семејна драма во тетовско: Го пријавила мажот со кој се разведува дека и се заканува по живот, сакал да ги земе и децата

Дваесет и шест годишна жителка на тетовско село вчера вечерта пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг А.А. од Република Косово со уште три негови роднини, дошле во куќата на татко и, каде што престојувала.

-А.А. и се заканил по животот, а имал намера, според пријавеното, да ги земе со себе и нивните две малолетни деца, зашто тие биле во бракоразводна постапка. Пријавениот А.А. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Нешто подоцна, Р.А.(59), татко на пријавениот А.А., пак, пријавил дека роднини на 26-годишната пријавителка со тврди предмети ги оштетиле двете возила со кои тие пристигнале од Република Косово. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус