среда, 4. август 2021. Вести денес: 92
home Хроника

Семејна драма во Тетово: Маж ги нападнал мајката, братот и други роднини

Семејна драма во Тетово: Маж ги нападнал мајката, братот и други роднини

Семејна драма се случувала вчеравечер околу 2 часот по полноќ во која тетовец ги нападнал мајката и братот и уште двајца членово на семејството.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека случајот кај нив бил пријавен од 71-годишна тетовка и нејзиниот 45-годишен син.

Според пријавата тие двајцата и уште две други лица членови на семејството, физички ги нападнал 46-годишниот син, односно брат, во заедничкиот двор на нивните куќи.

-Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, информира Јосифоски.

Коронавирус