среда, 19. декември 2018. Вести денес: 5
home Хроника

Семејна драма во Скопје: Одлучила да го остави сопругот, па настанал хаос

Скопјанката Р.К. (40) вчера по претходна расправија со нејзиниот сопруг Р.Т. во семејниот дом, се вратила да си ги земе личните работи, бидејќи донела одлука да не живее повеќе со него,.

-Жената на врата била пречекана од страна на нејзината свекрва која не и дозволила да влезе. Оштетената која била придружувана од нејзината сестра и татко, во моментот кога сакала да влезе во куќата, била спречена од свекрвата која застанала пред неа туркајќи ја и притоа упатувајќи и погрдни зборови кон неа и нејзините придружници. Во еден момент свекрвата ја оттурнала оштетената, а истата во обид да се задржи да не падне по скали, се задржала за раката на свекрвата, при што во мешаницата свекрвата ја изгребала раката од металната врата. За цело време нејзиниот сопруг од зад неговата мајка и упатувал вербални навреди и закани, информираат од полицијата.

Р.Т. и фрлил на глава опушок од цигара, ја плукал неа  и нејзините лични работи ги вадел и ги фрлал од тераса.

-Од случувањата Р.К. се чувствувала исплашена и вознемирена за својата безбедност, како и за безбедноста на нејзините блиски и побарала лекарска помош во градската општа болница Св.Наум Охридски, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.