петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – мајка и ќерка со остар предмет го нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – мајка и ќерка со остар предмет го нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка

Ќерка и мајка се лишени од слобода, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува по што ќе следуваат соодветни пријави.

Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет.

Во пријавата 44-годишниот жител на гостиварско село навел дека нападот во неговиот дом го извршиле две приведени гостиварки.

Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.

Коронавирус