понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Седум лица „оперирале“ во Битола

Седум лица „оперирале“ во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(29), П.И.(22), К.А.(23), А.Р.(29), П.Д.(26), Н.Г.(28) и А.Ј.(22), сите од Битола, осомничени за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Од 23 ноември 2018 до 4 април 2019 година на подрачјето на Битола во седум колонијални продавници пријавените со употреба на физичка сила влегувале и одзеле различни видови предмети, со што предизвикале материјална штета од 653.807 денари.