Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера околу 19 чсот на патот Куманово-Свети Николе.
Од МВР информираат дека Д.Ј. (43) од Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Алхамбра“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и се превртело.
Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.