На 05.11.2019 околу 15.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 14.30 часот во атарот на с.Новаци, при изведување на работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2, настанал пожар на прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа.
Според пријавеното, И.Г., Ѓ.Ј., Б.Ј. и М.К., сите вработени во АД „МЕПСО“, биле на преглед во Клиничка болница Битола, каде им биле констатирани лесни повреди и биле пуштени дома. Извршен е увид од екипа на СВР Битола.