недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 56
home Хроника

Се запали основно училиште во Штип- пеплосаа инвентарот и кровната конструкција

Се запали основно училиште во Штип- пеплосаа инвентарот и кровната конструкција

Вчера во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 23.30 часот на 17 јуни 2019 до 00.10 часот на 18 јуни 2019 година во основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, штипско, настанал пожар.

Со пожарот бил зафатен инвентарот и кровната конструкција на стариот објект од училиштето и дел од кровната конструкција на новиот објект од училиштето.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид извршила екипа од СВР Штип, информираат од МВР.