среда, 2. декември 2020. Вести денес: 88
home Хроника

Се утврдува идентитетот на удавеното лице во Охрид- ова се првичните детали

Се утврдува идентитетот на удавеното лице во Охрид- ова се првичните детали

Во тек е увидот од страна на полициски екипи и се работи на утврдување на идентитетот на лицето, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Курир.

Охридската полиција пред околу два часа добила пријава дека во водите на езерото кај плажата Магнус исчезнало машко лице откако скокнало во Охридско од пловен објект, по што не се појавило на површината.

Димоски вели дека екипа на езерската полиција веднаш излегла на терен, по што по извршената потрагата било пронајдено безживотно тело на машко лице кое било извлечено од езерото.

Дел од медиумите, пишуваат дека се работи за младо момче од Куманово, но засега потврда нема од полицијата.

Повеќе детали ќе се знаат по завршување на увидот.

Коронавирус