понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија три возила, прилепчанец тешко повреден

Се судрија три возила, прилепчанец тешко повреден
фото-илустрација

На 30.10.2018 година околу 14:05 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Берлинго“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(28) од Ресен, патничко возило „Форд Ексорт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(43) од Битола и патничко возило „Опел Вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М.(28) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел Вектра“ и му била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен.

Коронавирус