недела, 26. мај 2019. Вести денес: 67
home Хроника

Се судрија три автомобили и трактор, еден потешко повреден

Се судрија три автомобили и трактор, еден потешко повреден

На магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, вчера во 20:10 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, информираат од МВР.