четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Се судрија трактор и товарно возило, две лица повредени

Се судрија трактор и товарно возило, две лица повредени

На 17.07.2019 во 18:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од село Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од село Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.