сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Хроника

Се судрија товарно возило и мопед: Едниот возач избегал, другиот тешко повреден

Се судрија товарно возило и мопед: Едниот возач избегал, другиот тешко повреден

Вчера во 12.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило управувано од лице кое по незгодата го напуштило местото и мопед „генерик“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(54) од Прилеп.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус