сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија мотоцикл и мерцедес кај клучката Кадино: Две лица повредени, итно пренесени на Клиника

Се судрија мотоцикл и мерцедес кај клучката Кадино: Две лица повредени, итно пренесени на Клиника
илустрација

На крстосницата од регионалниот пат Скопје- Велес и локален пат за село Кадино вчера во 11:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Г.(27) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Куманово.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека неговата сопатничка К.Ј.(28) од Скопје се здобила со телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус