недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 17
home Хроника

Се судрија „голф“ и „пасат“: Две лица пренесени во болница во Прилеп

Се судрија „голф“ и „пасат“: Две лица пренесени во болница во Прилеп

На регионалниот пат с.Кривогаштани-с.Житоше, прилепско, вчера во 09.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(43) од с.Локвени, прилепско.

Во незгодата, возачот на возилото „Голф“, Ј.К. се здобил со тешки телсни повреди, додека возачот на возилото „Пасат“ се здобил со телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус