недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија „Фолксваген“ и „Априлија“- двајцата возачи итно пренесени во Градска болница

Се судрија „Фолксваген“ и „Априлија“- двајцата возачи итно пренесени во Градска болница
илустрација

На 03.08.2018 година во 16,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Благоја Паровиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици, управувано од Љ.И.(24) од Скопје и мотоцикл „Априлија“ со скопски регистерски таблици, управуван од С.Б.(54) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај С.Б. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Љ.И. телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус