четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Се судрија автомобил и трактор: Повредени три лица, меѓу нив и 9-годишно девојче

Се судрија автомобил и трактор: Повредени три лица, меѓу нив и 9-годишно девојче
фото илустрација

На 29.05.2019 година во 19:00 часот на локалниот пат Велес – с.Бузалково, на место викано „Блокови“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од с.Бузалково, велешко и трактор „ИМТ-539“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Џ.(56) од с.Бузалково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ш.Џ., кој по укажаната лекарска помош во Градската болница Велес бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Деветгодишната сопатничка во тракторот и возачот Б.Н. се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Градската болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Коронавирус