петок, 24. септември 2021. Вести денес: 130
home Хроника

Се судрија автомобил и мотоцикл, едно лице тешко повредено

Се судрија автомобил и мотоцикл, едно лице тешко повредено
илустрација

На 14.09.2021 година во 13:25 часот на крстосница на магистрален со локален пат кај кичевското село Другово се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од селото Другово и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(40) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Коронавирус