четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 121
home Хроника

Се степале поради фискална сметка во Македонски Брод

Се степале поради фискална сметка во Македонски Брод

С.Ј.(38)  на 2 август во 21.15 часот во Секторот за внатрешни работи Битола  пријавила дека истиот ден околу 21 часот во угостителски објект лво месноста „Пешна“ во Македонски Брод најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка околу фискална сметка.

Во расправијата учествувале лицата Ј.И.(25) и П.Н.(23) од една страна и персоналот од угостителскиот објект Д.Ј., И.Д., Д.Н. и Т.Н. од друга страна, по што дошло до тепачка. Се работи на целосно расчистување на случајот.