четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Хроника

СЕ СРУШИ ТЕРАСА ВО СКОПЈЕ: Повреден таткото и 3 малолетни деца!

СЕ СРУШИ ТЕРАСА ВО СКОПЈЕ: Повреден таткото и 3 малолетни деца!

Во СВР Скопје, вчера во 18.22 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.К. (23) од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле.

Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

Локални избори 2021