четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 95
home Хроника

Се самоуби македонска дипломатка на новогодишната ноќ

Се самоуби македонска дипломатка на новогодишната ноќ

Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз.

МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации.

Според Фокс њуз се работи за самоу*иство.

Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.

„Тука живееше две години“, изјави Хернан Авила, домарот во зградата. „Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност“, вели домарот.

Дипломатката живееше сама во стан на четвртиот кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност што повремено ќе ја гледале како пуши надвор.

„Вчера доктори дојдоа горе, амбулантно возило“, рече тој. „Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично“.

„Ја побара неа“, рече Авила. „Вратарот заѕвони, немаше одговор. Немаше одговор. Нешто се случи“.

Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, вели Фокс њуз.

Коронавирус