сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Се самоуби 60-годишен скопјанец, по смртта утврдено дека имал коронавирус

Се самоуби 60-годишен скопјанец, по смртта утврдено дека имал коронавирус

Шеесетгодишен скопјанец денеска си го одзел животот, а обдукцијата покажала дека е позитивен на Ковид 19, дознава Алфа.

Неговото безживотно тело било пронајдено во скејт парк, во градскиот парк во Скопје. Нема информација дали тој е дел од починатите лица за кои информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Според наши неофицијални податоци, сега починатиот наводно барал да се тестира претходно. Оваа информација не успеавме да ја потврдиме, како ни дали лицето било во самоизолација. Инаку човекот живеел сам, објави телевизијата.

Коронавирус