сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 8
home Хроника

Се работи на случајот со 21-годишната бремена девојка од Штип која е тепана и малтретирана

Се работи на случајот со 21-годишната бремена девојка од Штип која е тепана и малтретирана

Двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, а целиот случај го снимиле на мобилен, по што видеото се најде на социјалните мрежи, денеска се приведени и ќе останат 24 часа во Полициска станица.

– По преземените мерки од слобода се лишени две лица на возраст од 23 и 26 години, за конкретниот настав запознаени се Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи. Секторот за внатрешни работи ги презема сите мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Двајца штипјани се со иницијали С.А. и П.Р, но други детали за тоа кога се случил настанот и како видеото завршило на социјалните мрежи не откриваат.

Од штипското јавно обвинителство велат дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот со девојката.

– Пред да стигне пријавата меѓу другото мора да се утврдат и повредите на девојката, по што ќе бидат преземени и други дејства од наша страна, велат од Основното обвинтелство во Штип.

Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка. На видеото се слуша дека девојката била бремена, а нивните тимови ќе истражуваат дали била во партнерски однос со еден од нив, и дали токму поради тоа има и семејно насилство.

Коронавирус