петок, 23. јули 2021. Вести денес: 15
home Хроника

СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС ВО КУМАНОВО: Три лица повредени

СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС ВО КУМАНОВО: Три лица повредени

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово- Белград, во населбата Долно Којнаре. Според очевидци автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот и се превртел, обjави „Куманово њуз“.

Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

„Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

На лице место е увидна полициска екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

Коронавирус