четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Се претставил како полицаец и со пиштол му се заканувал на месар во Скопје

Се претставил како полицаец и со пиштол му се заканувал на месар во Скопје

Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.

По преземени мерки е утврдено дека се работи за В.А. (29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66), а случајот го пријавил Б.Ќ. (37).

Настанот е пријавен од Б.Ќ. околу пладне во Секторот за внатрешни работи-Скопје, а се случил во месарница на улицата „Самарџиска“. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.