петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Хроника

Се огласи сопственикот на педалинката на која се возело удавеното момче

Се огласи сопственикот на педалинката на која се возело удавеното момче

Педалинката на која се возеше момчето што исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро беше исправна и не се преврти, туку момчињата скокаа од неа во водата, вели Ведат Адемовски од Асамати, сопственик на педалинките во Претор.

,,Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода”, вели Адемовски.

Во туристичката населба Претор продолжи потрагата по 16-годишниот И.М. од Ресенско кој во неделата исчезна во водите на Преспанското Езеро додека возеа педалинка со други две момчиња. Во пребарувањето беше користена и долга рибарска мрежа- влак, но се заплеткувала со треви од езерото. Од завчера водите ги пребаруваат и нуркачи од Охрид, но до денес без успех. Во попладневните часови се приклучи и специјална единица од МВР.

Плажата во Претор, која за Илинден беше полна туристи, денес и вчера е речиси празна. Присутни беа само неколку семејства кои дојдоа да се оладат во Претор. Но, настанот ги растревожи и некои ја напуштија плажата. Сепак, голем број возила утрово се упатија кон другите плажи во Преспа.

Повозрасни преспанци коментираат дека нема лето да помине без ваква несреќа во Преспа.

Коронавирус