четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 6
home Хроника

Се обиделе да продадат украдено „Југо“ во отпад, полицијата ги фатила

Се обиделе да продадат украдено „Југо“ во отпад, полицијата ги фатила

Двајца велешани, Н.Д.(26)  и С.Д.(19), се уапсени вчера попладне во Тетово.

Како што информираат од полицијата, лицата во  отпад лоциран на улица „29 Ноември“ во Тетово се обиделе да продадат патничко моторно возило „Југо“ без регистерски ознаки и со фалсификувана сообраќајна дозвола, а кое претходно било  одземено на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје.

-По лишувањето од слобода и нивното задржување во Полициската станица Тетово, утврдено е дека  С.Д. се барал со централен распис за извршени тешки кражби, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус