понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 84
home Хроника

Се лизнал и ја скршил ногата среде планина- со хеликоптер на МВР веднаш бил извлечен и однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Се лизнал и ја скршил ногата среде планина- со хеликоптер на МВР веднаш бил извлечен и однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

На 22.09.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Д.(28) од Богданци пријавил дека на планината Кожуф, на место викано „Сува рупа“, на непристапен терен, се лизнал и ја скршил ногата.

Од екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, со хеликоптер на МВР, повредениот бил извлечен и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.