недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 102
home Хроника

Се казнуваат возачи на мотоцикли низ цела Македонија, за еден ден санкционирани 282 лица

Се казнуваат возачи на мотоцикли низ цела Македонија, за еден ден санкционирани 282 лица

Во текот на вчерашниот ден (09.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 282 возачи.

Од нив, 169 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 51 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија