понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Се искршија автомобили во Струмица- Има повредени

Се искршија автомобили во Струмица- Има повредени

Во 15.45 часот на крстосницата од локалните патишта за село Габрово – село Банско и село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Галакси“ со германски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Ј.М. од Струмица и патничко возило „Пежо 307“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Д.К. од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една од сопатничките во возилото „Форд Галакси“, која била пренесена во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Коронавирус