среда, 31. мај 2023. Вести денес: 98
home Хроника

Се движеле со брзина над 70 километри на час над дозволеното – еве колку возачи се казнети во изминатите 24 часа

Се движеле со брзина над 70 километри на час над дозволеното – еве колку возачи се казнети во изминатите 24 часа

Во текот на вчерашниот ден (14.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач.

Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.