понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 170
home Хроника

Се дрогирале во подрум: Уапсени 5 лица, кривична за двајца кичевци

Се дрогирале во подрум: Уапсени 5 лица, кривична за двајца кичевци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Љ.М.(26) и С.М.(48) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13.01.2021 од страна на полициски службеници при извршен претрес на дом и други помошни простории на ул.„Душан Јовески“, каде престојуваат Љ.М и С.М., во подрумските простории биле затекнати пет лица: А.К., С.Х., С. З., Р.Б. и С.К. како користат наркотична дрога хероин.

На масата каде биле затекнати лицата биле пронајдени фолии со остатоци од прашкаста материја и прибор за користење на наркотична дрога хероин.

Лицата се лишени од слобода.

Коронавирус