четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 86
home Хроника

Се бара притвор за 62 годишен охриѓанец: Јавното обвинителство со детали за грозоморното убиство во Велгошти

Се бара притвор за 62 годишен охриѓанец: Јавното обвинителство со детали за грозоморното убиство во Велгошти

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 62 години, жител на Охрид, кое е осомничено за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин во село Велгошти. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд – Охрид поднесе предлог за определување притвор за осомничениот.​

Како што информира Јавно обвинителство на Македонија, дежурен обвинител од Охрид доцна попладнево извршил увид на лице место во семејна куќа во Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена. Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.