среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 90
home Хроника

Санкционирани над 150 возачи во Скопје за еден ден

Санкционирани над 150 возачи во Скопје за еден ден

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 31.08.2019 во времето од 06:00 до 24:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 31.08./01.09.2019 во времето од 20:00 до 01:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје.

Притоа, санкционирани се 46 возачи, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.