сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Санкционирани десет „диви тркачи“ на скопската обиколница

Санкционирани десет „диви тркачи“ на скопската обиколница

Санкционирани се десет возачи на на моторцикли кои учествувале во т.н. „диви трки“ на подрачјето на Град Скопје, поточно на скопската обиколница. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка.

Како што соопшти денеска МВР, возачите се санкционирани во рамки на акциската контрола што вчера ја спроведоа Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Полицијата кај десетте возачи на моторцикли констатирала повеќе прекршоци. (МИА)

Коронавирус