Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што санкционираше 85 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.
Како што соопштија од МВР, од нив, 67 возила се движеле со брзина од 30 до 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.