вторник, 21. март 2023. Вести денес: 41
home Хроника

Чаирска хроника: Краделе бандера сред бел ден, фатени на дело

Чаирска хроника: Краделе бандера сред бел ден, фатени на дело

Вчера бил спречен обид за кражба на еден од столбовите за улично осветлување улицата Цветан Димов во Чаир.

„Вчера на ул. Цветан Димов во Чаир беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место“, објави градоначалникот Петре Шилегов.

loading...