понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 145
home Хроника

Сакале да ја поминат границата: Илегалци од Куба фатени на Меџитлија

Сакале да ја поминат границата: Илегалци од Куба фатени на Меџитлија

Четири лица уапсени на граничниот премин „Меџитлија“ откако се обиделе да преминат илегално во Грција.

-Вчера во 11.15 часот во село Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција- велат од МВР.

По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Македонија на Граничниот премин „Табановце“.

Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

Коронавирус