петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Сакала поевтини дрва, па останала покуса за 14.000 денари

Сакала поевтини дрва, па останала покуса за 14.000 денари

Р.Т.(63) вчера во 10.30 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на 1 август 2018 година околу 12 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ непознат сторител ја измамил за 14.000 денари.

Непознато лице додека истоварало огревни дрва кај нејзин сосед и понудило дрва за цена од 2.800 денари. Таа се согласила да и се донесат пет кубика и му дала 14.000 денари, а сторителот откако ги зел парите рекол дека ќе оди да го донесе камионот, но тој не се вратил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус