понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 148
home Хроника

Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Одрон на камења во ископаната јама на рудникот се случила синоќа каде почина рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко.

– На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа – одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше повреден рудар во рудникот „Тораница’ – Крива Паланка кој како последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето нашиот вработен подлегна на повредите, информираат од „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ д.о.о.е.л. Пробиштип.

За случајот се известени надлежни институции и органи,  кои се на лице место на несреќниот настан.

Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот и најавуваат дека во знак на солидарност одлучиле планираното одбележување на Денот на Рударите – 28. Август, да биде откажано. (МИА)

Коронавирус